Активација на eSIM
Активирајте eSIM лесно
Како да ја активирате eSIM на Android и iOS уред, во три чекори.
- Поврзете го уредот со Wi-Fi мрежа.
- Скенирајте го QR кодот за активација на eSIM преку менито на уредот.
- Следете ги упатствата за eSIM.
Што е eSIM?
eSIM е чип вграден во Вашиот мобилен уред, па не ви треба физичка SIM-картичка. Таа го презема Вашиот профил, кој содржи податоци што Ве идентификуваат како корисник. Лесна е за употреба, а се очекува во иднина целосно да ги замени класичните SIM-картички.
Зошто да користите eSIM?
- Сè е вградено. eSIM ги содржи сите податоци за операторот што се потребни за употреба.
- Лесна активација. Ја активирате со скенирање на QR-кодот што го преземате заедно со Вашиот PIN и PUK.
- Без физичка картичка. Не мора да се грижите за големината на SIM-картичката.
- Грижа за околината. eSIM е еколошки прифатлива – нема пластика, а можно е истовремено да користите повеќе eSIM профили.
Кој може да користи eSIM?
eSIM е достапна за корисници со паметен телефон што поддржува eSIM.